Лејкерс ита кон плејофот, Милвоки на чекор од заверка на првото место на Истокот (Видео)

По катастрофалниот пораз од Бостон, екипата на Милвоки се врати на победничкиот колосек откако ја совлада Филаделфија со 117-104. Рутинска победа оствари и ЛА лејкерс на гостувањето кај Хјустон со 134-109.

Екипата на Милвоки од самиот почетокот на натпреварот го имаше водството и по првиот период водеше со 18 поени разлика. Таа предност домашните ја одржуваа сè до третата четвртина, кога Филаделфија намали на едноцифрена разлика. Сепак, кратко после тоа предноста во корист на Милвоки повторно се зголеми, овој пат на 23 поени разлика. Тоа беше доволно за победа од конечни 117-104. За доминацијата на Милвоки говори и фактот дека целата стартна петторка беше двоцифрена. Јанис уфрли 33 поени и 14 скока, Брук Лопез даде 21 поен, два помалку од него постигна Мидлтон, додека Холидеј и Портис го завршија натпреварот со по 18 поени.

ЛА лејкерс по победата над Хјустон од 134-109, дојде до скор од 40-38, со што оваа сезона за нив веќе добива смисла откако имаа катастрофален почеток. Хјустон постигна 40 поени, од кои дури 27 во првото полувреме. Леброн натпреварот го заврши со трипл-дабал, односно 18 поени, 11 асистенции и 10 скока. За него ова беше 107-миот трипл-дабл во кариерата.

Резултати: Шарлот – Торонто 108-128, Бруклин – Јута 111-110, Чикаго – Мемфис 128-107, Минесота – Портланд 105-107, Атланта – Далас 132-130, Њујорк – Вашингтон 118-109, Орландо – Детроит 128-102, Сакраменто – Сан Антонио 134-142, Хјустон – ЛА клиперс 109-134, Оклахома – Феникс 118-128, Кливленд – Индијана 115-105, Милвоки – Филаделфија 117-104, Денвер – Голден стејт 112-110

 

- Оглас -

Најнови вести