Раководството на професионалната американска лига, НБА, одлучи во иднина да не ги тестира играчите за употреба на марихуана. Оваа одбредба е вклучена во новиот колективен договор помеѓу НБА и Здружението на професионални кошаркари. Тоа значи дека кошаркарите повеќе нема да бидат казнувани за употреба на марихуана, без разлика дали е тоа за пушење или за џвакање.
Претходно НБА лигата беше доста строга кон оние кои користеа марихуана. За првиот престап играчот беше праѓан на лечење и советување за откажување од марихуана, за вториот престап казната беше 25.000 долари, додека доколку и трет пат биде позитивен на марихуана, играчот добиваше забрана за настап на пет натпревари.