Неверојатни сцени: Како навивачите го обезбедуваа автобусот со фудбалери на Олимпијакос низ Атина (Видео)

Вчера во Атина се играше големото фудбалско дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос, а со цел да се избегнат некакви инциденти со гостинските фудбалери, се погрижија навивачите на Црвено-белите.

Натпреварот се играше од 20 часот, а делегацијата на Олимпијакос кон стадионот на лутиот ривал „Апостолос Николаидис“ се упати два часа порано, но притоа имаше невообичаено обезбедување. Имено, илјадници навивачи на Олимпијакос на мотори и веспи го обезбедуваа автобусот на патот кон стадионот.

Дербито заврши со триумф на Панатинаикос од 2:0 и се израмни со АЕК на лидерската позиција на табелата со 69 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести