Пред три години играше во четврта лига, а сега донесе радост на Јувентус

Јувентус минимално со 1:0 славеше во Торино против Спортинг Лисабон, во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на Европа, што значи дека реваншот во Португалија ќе биде интересен.

Статистички, Спортинг доминираше на ова гостување, па на крајот имаше 56 отсто посед на топка, гостите упатија дури 17 шута кон голот на Јувентус (пет во рамки на гол), а имаа и девет корнери, но не успеаа да постигнат погодок. Старата дама изведе само три корнери, а од два шута во рамките на голот успеаа да погодат и тоа да им донесе триумф.

Радоста на домашните фанови ја донесе дефанзивецот Федерико Гати. Во 73 минута тој успеа да погоди со глава за радост на домашните фанови. Погодокот на Гати може да го видите ТУКА.

Интересно е дека Гати е фудбалер кој во изминативе неколку години одлично напредуваше. Во сезоната 2019/20 играше во Серија Д (четврта лига) за тимот на Вербанија. Следната сезона направи трансфер во Про Патрија и играше во Серија Ц (трета лига). Минатата година повторно напредуваше Гати, затоа што направи трансфер во Фросиноне и играше во Серија Б.

Добрите игри од Фросиноне беа забележани од Јувентус, па Старата дама сезонава до доведе во свите редови, а сега Гати погоди за победа над Спортинг во Лигата на Европа и тоа во четвртфиналната фаза.

 

- Оглас -

Најнови вести