Тенисерот што го победи Ѓоковиќ, експресно е елиминиран

Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети вчера ја оствари можеби најголемата победа во кариерата откако во три сета успеа да го елиминира Новак Ѓоковиќ, но неговиот сон кратко траеше.

Мусети денеска играше во четвртфиналето против својот сонародник Јаник Синер и едноставно не можеше да парира. По само 76 минути игра, Синер лесно со 6:2, 6:2 во сетови го победи Мусети.

- Оглас -

Најнови вести