Лудница во Феникс: Сите во салата добија бесплатни сендвичи, а причината е неверојатна (Видео)

Екипата на Феникс Санс израмни на 1-1 во серијата против ЛА клиперс откако ги совлада на домашен терен со 123-109. Сепак, на овој натпревар се случи нешто неверојатно.

На 4:11 до крајот на мечот, Хрватот Ивица Зубац изведуваше слободни фрлања и откако го промаши првото, започна силна бука и притисок во салата, а Зубац промаши и вторпат, по што следуваше голема радост на трибините.

Причината за тоа е договорот на Феникс со познат ланец на ресторани за брза храна кој им дели бесплатни сендвичи на сите гледачи доколку противнички кошаркар промаши две слободни фрлања во последната четвртина од натпреварот.

Зубац промаши, но и ја „честеше“ цела сала со сендвичи со пилешко месо.

- Оглас -

Најнови вести