Дејан Савичевиќ ги предводи легендите на промоцијата на филмот за Дарко Панчев во Скопје (Фото)

Вечерва од 20 часот во хотелот „Александар Палас“ премиерно ќе се прикаже филмот „Патот на Кобра до ѕвездите“, посветен на фудбалската кариера на Дарко Панчев.

Многу ѕвезди на ексјугословенскиот фудбал вечерва ќе бидт во Скопје, една од нив е и Дејан Савичевиќ, актуелниот претседател на фудбалскиот сојуз на Црна Гора и соиграч на Панчев од шампионскиот тим на белградската Црвена ѕвезда кој во 1991 година ја освои Лигата на шампионите.

Документарецот за блескавата кариера на голгетерот на Вардар, Црвена ѕвезда, македонската и ексјугословенската фудбалска сцена, во изминатиот период го работеа и го продуцираа Спортклуб телевизија, Спорт Нетворк Продукција и Спортското радио 90.3 фм, а генерален покровител е Универзитетот Скопје.

Филмот е само за промоцијата во Скопје, а од септември ќе почне прикажувањето на целиот серијал.

 

- Оглас -

Најнови вести