Реал Мадрид се најде во ситуација во која никогаш претходно не бил, а тоа е да ги загуби двата меча на домашен терен во четвртфинале од Евролигата и да биде пред прва елиминација во оваа фаза. Партизан во првата средба победи со кош во последната секунда, но синоќа српскиот тим му одржа лекција по кошарка на Кралскиот клуб и при водство од 15 разлика на 100 секунди до крајот се случи тепачка, која ја иницираше домашниот кошаркар Серхио Љуљ.
Откако зовреа страстите, кошаркарите на двата тима втрчаа во теренот и направија хаос. На крајот, судијата ги исклучи сите кошаркари на двата тима, а интересно е дека малку фалеше Реал Мадрид да стигне до службена победа, иако на теренот беше инфериорен.
Кога започна тепачката, сите играчи на Партизан втрчаа на теренот, а потоа еден по еден тоа го правеа и кошаркарите на Реал Мадрид. Единствено искусниот Руди Фернандес остана смирен и стоеше мирно покрај аут-линијата затоа што знаеше дека влегување во теренот ќе значи исклучување.
Доколку имаше уште еден играч од резервите на Реал што немаше да го понесе оваа хаотична атмосфера, судиите немаше да има зошто да ги исклучат, па домашниот тим ќе останеше со двајца играчи, што е минимален број на играчи за да бидат на теренот.
Фактот дека сите кошаркари на Партизан од клупата веднаш втрчаа на теренот, гостите ќе останеа без играчи на теренот, а Реал со двајца кошаркари ќе го добиеше мечот на службен начин. За жал на Реал Мадрид, освен Руди Фернандес, сите останати втрчаа на теренот, па кога виде дека е останат само тој на клупата, и тој на крајот ја напушти клупата за резерви.
Llull, Yabusele… los valores, el señorío y tal. pic.twitter.com/Ye6seFp1AM
— Toni Juanmartí (@tjuanmarti) April 27, 2023