Реал Мадрид го возврати ударот, односно дел од ударот, откако вечерва по голема драма го совлада Партизан во Белград со 82-80. Со оваа победа Реал Мадрид намали на 2-1 во четвртфиналната серија и го продолжи својот престој во главниот град на Белград до четврток.
Но, дуелот не започна така. Партизан во првата четвртина го газеше Реал Мадрид и на паузата замина со убедливи 32-19. Следните две четвртини им припаднаа на кошаркарите на Кралскиот клуб, најпрво со 26-16 за намалување на предноста на домаќините само на три поени на полувремето, а потоа и со 21-15 во третиот период за комплетен пресврт.
Предноста од три поени по третиот период се покажа како доволна за победи бидејќи домашните последниот период го добија само со еден поен разлика и го доживеаја првиот пораз во серијата од Реал Мадрид.
Таварес со 26 поени беше предводникот на Кралевите, додека Вилијамс уфрли 22.
Четвртиот натпревар помеѓу овие две екипи ќе се одигра во четврток.