Екипата на Лајпциг е првиот финалист во Купот на Германија откако беше убедлив на гостувањето кај Фрајбург со 5-1. Клучна фигура на овој натпревар беше шпанскиот репрезентативец Дани Олмо, кој постигна еден погодок и асистираше за наредните три погодоци на Лајпциг.
Резултатот беше отворен уште во 13-тата минута со погодокот на Олмо.
Само една минута подоцна веќе беше 2-0 за Лајпциг, откако Хенрих постигна погодок за 0-2. Серијата погодоци продолжи во 37-мата минута, кога Собослаи зголеми на 0-3.
До полувремето, гостите постигнаа уште еден погодок, и тоа во судиското надополнување на времето преку Нкунку.
Почесниот погодок за домашната екипа беше дело на Грегориц во 75-тата минута, додека конечните 1-5 ги постави Собослаи во 97-мата минута од пенал.
Лајпциг својот противник во финалето на Германскиот куп ќе го дознае утре, откако ќе се одигра вториот полуфинален дуел помеѓу Штутгарт и Ајнтрахт Франкфурт.