Феникс на крилјата на Букер и Дурант го совлада Денвер, Бостон вторпат по ред подобар од Филаделфија (Видео)

Возбудлива ноќ и два тесни резултати на синоќешните НБА натпревари. Екипата на Бостон направи комплетен пресврт и сега води со 2-1 во серијата против Филаделфија, откако забележа гостинска победа од 102-114.

Втората четвртина беше одлучувачка, бидејќи гостите ја добија со 29-21, воедно тоа беше најголемата предност по четвртини за било која екипа на овој натпревар.

Џоел Ембил со 30 поени беше најефикасен на паркетот, но и тоа не беше доволно за победа на Филаделфија. Во победничката екипа, Татум со 27 поени беше најдобар стрелец.

Феникс санс намали на 2-1 во серијата против Денвер, откако синоќа го доби првиот натпревар на домашен паркет со 121-114. Букер со 47 поени и Бурант со 39 беа најзаслужни за победата на домашната екипа. Мареј со 32 и Јокиќ со 30 поени беа најдобри стрелци во поразениот состав.

- Оглас -

Најнови вести