Го направи едно од најголемите чуда во ЛШ, а сега ќе остане без клуб (Фото+Видео)

Премиерлигашот Тотенхем официјално објави дека на крајот на оваа сезона договорот му истекува на бразилецот Лукас Моура и тој ќе биде слободен фудбалер. Напаѓачот во Тотенхем пристигна во 2018-тата година од ПСЖ, а претходно настапуваше и за Сао Пауло.

Моура ќе остане запаметен помеѓу навивачите на Тотенхем по еден од најголемите пресврти во ЛШ, кога на својата екипа и го донесе единственото финале. Во таа 2018/19 сезона, Тотенхем на домашен терен го загуби со 0-1 првото полуфинале од Ајакс, а на реваншот се до 55-тата минута губеше со 2-0. Тогаш на сцена стапи Моура и со хет-трик направи комплетен пресврт за победа од 3-2 и пласман на Тотенхем во финалето.

https://twitter.com/SpursOfficial/status/1659235902302847002?s=20

https://twitter.com/SpursOfficial/status/1659250698158997532?s=20

- Оглас -

Најнови вести