Македонскиот репрезентативен ракометар Филип Талески утре ќе го одигра последниот меч во дресот на Вардар, а потоа ќе се пресели во тимот на Бенфика. Талески заминува во Португалија и во следните две сезони треба да го носи дресот на Бенфика.
Талески во Вардар дојде во 2020 година од екипата на Балинген и беше вистински лидер на теренот, носејќи неколку трофеи во клупските витрини на Црвено-црните.
Навивачите на Вардар преку социјалните мрежи имаа само пофални зборови за еден од најомилените играчи.