Стевен Бергхус, фудбалерот на Ајакс, направи непромислен потег по завршување на дуелот против Твенте. Голгетерот на Ајакс не можеше да се воздржи на провокациите од фановите кои стоеја покрај оградата и нападна еден навивач, кој најверојатно беше во дрес на Твенте.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) May 28, 2023
Засега не е јасно која е причината за овој напад на фудбалерот, но факт е дека реакцијата на играчот на Ајакс е неприфатлива.
Ајакс на разочарувачки начин го заврши првенството во Холандија. Гигантот од Амстердам загуби на гости кај Твенте со 3:1 и на крајот заврши на третото место во првенството и нема да игра во Лигата на шампионите за следната сезона.