Челзи му го враќа на Атлетико играчот од 127 милиони евра

Жоао Феликс нема да остане во Челзи и летово се враќа во Атлетико Мадрид. Португалецот како позајмен настапуваше во Премиер лигата, а за шест месеци Челзи му плати на Атлетико дури 11 милиони евра.

Сега позајмицата му завршува и Челзи не сака да го задржи, а Атлетико не знае што да прави со него.

„Пред 24 часа нè известија дека Покетино не го сака Феликс во Челзи. Ќе се врати во Атлетико, а потоа ќе видиме … Немаме никакви планови“, изјави претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Сересо.

Жоао Феликс во 2019 година пристигна од Бенфика во Атлетико Мадрид за 127 милиони евра, а неговата моментална вредност според „Трансфермаркет“ е 50 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести