6101 Холандија – Хрватска (20.45 часот)
Холандија – Хрватска е првото полуфинале во Лигата на нациите кое ќе се игра на стадионот „Де Кајп“ во Ротердам. Хрватска на СП во Катар го освои третото место, а годинава одигра два натпревари во квалификациите за ЕП, ремизира против Велс (1:1) и ја совлада Турција (2:0), додека Холандија го победи аутсајдерот Гибралтар (3:0), но беше декласирана од Франција (0:4). Холандија ќе биде ослабена поради неиграњето на дефанзивецот Матајс де Лихт, но адут е домашниот терен. За очекување е двете репрезентации да играат офанзивно и навивачите да уживаат во голови.
Предлог тип: ГГ 3+ (2.65)
5151 Гвинеја – Египет (20.00 часот)
Ова е натпревар од петтото коло од квалификациите за пласман во африканската Лига на нации. По четири кола, Египет и Гвинеја имаат по девет бода во групата Д и веќе си обезбедија пласман на завршниот турнир. Гвинеја има две победи по ред, а Египет три. На последните пет меѓусебни средби, Египет славел дури на четири. Првиот дуел заврши со минимален триумф на Египет, а вообичаено во дерби-пресметките меѓу африканските селекции ретко има повеќе од три гола.
Предлог тип: Х2 & 0-2 (1.74)
8101 Виртус Болоња – Милано (20.30 часот)
Милано води со 2-0 против Виртус Болоња во финалето на италијанскиот плејоф кое се игра кој прв до четири победи. Милано освен што славеше на двата меча, кои ги одигра пред своите гледачи, внесе голема нервоза кај противникот бидејќи главните ѕвезди на Виртус, Теодосиќ и Хекет, по завршување на вториот натпревар, се степаа со навивачите. Нивните меѓусебни натпревари најчесто завршуваат со повеќе од 160 поени.
Предлог тип: >159.50 (2.15)
8085 Улм – Телеком Бон (20.30 часот)
Улм и Телеком Бон вечерва го играат третиот натпревар во финалето од плејофот во германскиот шампионат. Во првите два меча и двата тима славеа по еднаш. Улм во првиот меч со 79:73, додека Бон со 104:75 во вториот. Улм игра ефикасно на домашен терен, а доказ за тоа е елиминацијата над фаворизираните Баерн Минхен и Алба, кои минатата сезона играа во Евролигата и кои редовно примаа над 80 поени. Одлични игри во плејофот прикажува и Телеком Бон, кој единствениот пораз го доживеа токму од Улм и затоа за очекување е двата тима да одиграат нов ефикасен натпревар.
Предлог тип: >165.50 (1.97)
2834 Аријана – Ангелхолмс (19.00 часот)
Ова е натпревар од третата шведска лига во кој домаќинот влегува како голем фаворит. Аријана по 12 кола има 17 освоени бода и се наоѓа на шестото место, додека Ангелхолмс има 12 бода, но очајна гол-разлика од пет дадени и дури 21 примен гол. Аријана пак има просек од повеќе од еден постигнат и еден примен гол.
Предлог тип: 1 & 1+I & 1+II (1.84)