Репрезентацијата на Хрватска беше на прагот да стане прв финалист во Лигата на нациите на УЕФА, но избраниците на Златко Далиќ за дуел против Шпанија или Италија кои утре го играат своето полуфинале, ќе мора да играат уште 30 минути.
Вечерва во Ротердам имаше над 15.000 Хрвати на трибините, па гостинските фудбалери не се чувствуваа баш како гости и тоа им помогна да покажат карактер и да ги израдуваат своите фанови по негативата на полувреме. Крамариќ од пенал и Пашалиќ беа стрелци на головите со коишто беше направен пресвртот, но последниот збор го имаа Портокаловите.
Холандија не дозволи да им заврши серијата од 31 меч по ред без пораз на стадионот во Ротердам. Ноа Ланг во 96-тата минута го изедначи резултатот и мечот го одведе во екстра 30 минути.
highlight of my week easily #NEDCRO pic.twitter.com/yNL29VMLaK
— jenna (@lifeoutacontrol) June 14, 2023