Одбранбениот фудбалер на Ајакс, Јуриен Тимбер, ќе биде нов фудбалер на Арсенал откако и официјално беше прифатена понудата од 45 милиони евра. Тој ќе биде трето засилување за Tопчиите во овој преоден рок откако претходно го договорија Кај Хаверц од Челзи за 70 милиони евра и Деклајн Рајс од Вест хем за 120 милиони евра. Вкупната сума која Арсенал досега ја потроши за трансфери е 235 милиони евра.
Дваесет и двегодишниот фудбалер, кој има потекло од Курасао, во Арсенал ќе потпише договор до 2028 година.
Тимбер за Ајакс има одиграно 121 натпревар, а последните три сезони е стандарден во одбраната. За клубот од Амстердам постигна шест гола, а четирипати успешно асистираше.