Црвена ѕвезда пукна петарда за 27 минути, па застана и колку-толку се смилува кон Фиорентина (Фото)

Српскиот шампион Црвена ѕвезда го растури Фиорентина со 5-0 во контролен пријателски меч кој покажа дека Црвено-белите се сериозен тим кој заслужува да биде дел од Лигата на шампионите.

Сите голови падна од 8-ма до 27-ма минута, а потоа домашните како да се смилуваа, па не продолжија да ја полнат мрежата.

Меѓу стартерите на Фиорентина беше Лука Јовиќ, српскиот напаѓач кој пред мечот доби дрес со неговото презиме, а му го подарија легендите Дуле Савиќ и Владимир Петровиќ-Пижон.

Првото полувреме беше шокантно за сите, особено за тимот од Фиренца, па до крајот тие гледаа само да не доживеат поголема катастрофа.

- Оглас -

Најнови вести