Баерн Минхен со 1-0 го доби контролниот натпревар во Токио против Кавасаки Фронтале, тим кој е седмопласиран во јапонската Џеј лига.
Стрелец на голот за Баварците беше Хрватот Јосип Станишиќ во 58-ма минута. Голот може да го погледнете ТУКА.
Кај Баерн го немаше Садио Мане кој наскоро треба да го официјализира својот трансфер во саудиски Ал Наср, а деби во дресот на баварскиот гигант имаше Кореецот Ким Мин-јае кој дојде летово од Наполи.