Легендарниот југословенски и босански фудбалер и тренер Мехо Кодро ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Раководството на фудбалската федерација на оваа земја се одлучи да не експериментира околу изборот на новиот селектор и шанса да му даде на проверено тренерско име.
За Мехо Кодро ова ќе биде втор мандат на клупата на БиХ, откако во 2008 година си замина по несогласувањата со првите луѓе на Фудбалскиот сојуз.
Босанецот во својата тренерска кариера ги водел Реал Сосиедад, Сараево, Сервет и Лозана, додека како фудбалер славниот напаѓач настапувал за матичниот Вележ од Мостар, Реал Сосиедад, Барселона, Тенерифе, Алавес и израелски Макаби Тел Авив.
Официјалната презентација ќе биде во четврток.