Шут-карта и за Германките по групната фаза на СП, продолжи хоророт за големите фудбалски сили

Нерешениот резултат од 1-1 против Јужна Кореја за селекцијата на Германија значеше елиминација од Светското првенство во фудбал за жени.

Дуелот се играше 105 минути, на Корејките ништо не им значеше, но им ја расипаа работата на Германките, кои ако победеа, ќе го освоеја првото место во групата и како носителки ќе се најдеа во осминафиналето.

Така по Аргентинките, Бразилките, Италијанките и Португалките, ниту Германките не успеаја да ја поминат првата групна фаза и овој Мундијал во Австралија и Нов Зеланд ќе се памети како еден од оние со најмногу неочекувани резултати.

Германија во првото коло го растури Мароко со 6-0, но Мароканките, кои потоа имаа две победи, одат понатаму, а Германија извиси во за нив историскиот дебакл.

- Оглас -

Најнови вести