Турскиот тим Адана Демирспор ќе игра во третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА и тоа благодарение на голот во 94 минута на реванш мечот против романски Клуж.
Адана поведе со 1:0, а потоа остана и со играч помалку по црвениот картон на еден домашен фудбалер. Клуж израмни на 1:1, резултат кој беше и по првата средба во Романија. Делуваше дека ќе има продолженија, но Адана со гол во 94 минута стигна до 2:1, победа која им овозможи место во следната фаза од европското натпреварување.
По мечот, се случи помалку чудна сцена. Додека сите од домашниот тим се радуваа, претседателот на Адана, Мурат Санчак веднаш притрча до еден гостински фудбалер. Тоа беше играчот со бројот 6, Арлинд Ајети. Овој албански интернационалец е еден од најдобрите во тимот на Клуж, а првиот човек на Адана веднаш реши да му направи трансфер.
Ајети со насмевка го следеше претседателот на Адана, а овој беше многу сериозен во намерите луѓето од неговиот клуб да се фокусираат на правење на трансфер и Албанецот уште ова лето да дојде во Адана.
Adana Demirspor Başkanı Murat Sancak, maç sonunda Cluj forması giyen Arlind Ajeti’yi, sportif direktör Gökhan Öztürk'e göstererek "Bunu alıyoruz" dedi. pic.twitter.com/LfZlEgn2uh
— Nexus Sports (@nexustransfer) August 4, 2023