Иниеста си замина од Јапонија, но и понатаму ќе игра во Азија

Шпанскиот фудбалер Андрес Иниеста има 39 години и не планира да ја заврши играчката кариера, а објави дека прифатил нов предизвик и нова авантура.

Во следната сезона, легендата на Барселона и на шпанскиот фудбал ќе игра за Емирејтс, клуб од Обединетите Арапски Емирати. Овој клуб е нов прволигаш, па засилување од типот на Иниеста е одличен маркентиншки потег за нив.

За Иниеста имаше интерес од клубови од американската МЛС-лига, но тој сепак останува во Азија, откако претходните сезони играше во Јапонија.

Инаку, тренер на Емирејтс од ноември 2019 до летото 2021 беше нашиот Ѓоко Хаџиевски.

- Оглас -

Најнови вести