Динамо продолжува да им држи лекции на клубовите од регионов: Продава фудбалер за 23 милиони евра

Динамо Загреб е на прагот да реализира уште еден незамислив трансфер за овие наши простори. Загрепските “модри“ добија понуда од Ајакс за Јосип Шутало во висина од 21 милион евра плус дополнителни два милиони евра во бонуси.

Доколку се реализираат сите бонуси, тогаш овој трансфер ќе дојде на четвртото место во Динамо Загреб и ќе го мине Лука Модриќ, за кого хрватите заработија 22.5 милиони евра.

На првото место на листата со трансфери убедливо е Јошко Гвардиол со заработка од 36.8 милиони евра за Динамо. Тука влегува и сумата која ја добија хрватите за неговиот трансфер од Лајпциг во Манчестер Сити. Следуваат Марко Пјаца со 29.4 милиони евра и Дани Олмо со 29 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести