Фудбалерите на Партизан забележаа пресврт-победа над Раднички од Ниш со два погодоци во самиот финиш на мечот.
Резултатот го отвори Сава Петров со прекрасен погодок во 13-тата минута.
Овој резултат беше на сила се до 79-тата минута, кога израелецот Бибрас Начо го израмни резултатот од пенал.
Моментот на одлука се случи во 86-тата минута кога Ксандер Северина со гол од слободен удар ги постави конечните 2-1 за Партизан на овој натпревар.