Капитенот на репрезентацијата на Мароко, кој стигна до полуфиналето на Светското првенство, Хаким Зијех, се чини конечно пронајде нов клуб за следната сезона. Фудбалерот на Челзи е многу блиску до трансфер во Галатасарај, единствениот клуб кој покажа интерес за неговите услуги откако му пропадна трансферот во Ал-Наср, бидејќи не ги мина лекарските прегледи.
Останува сега Зијех да ги мине лекарските прегледи во Истанбул за трансферот конечно да се реализира.
Хаким Зијех во 2020 година од Ајакс се пресели во Челзи за 40 милиони евра.