Серхио Рамос на социјалната мрежа „Инстаграм“ се пофали дека стигнал до бројка од 60 милиони обожаватели и најави дека 20-ти најсреќни ќе добијат потпишани копачки.
На неговата објава веднаш коментираше Кристијано Роналдо, кој напиша: „Ти треба уште една нула за да ме стигнеш“, алудирајќи на 600-те милиони следачи кои ги има Португалецот на „Инстаграм“.