Хорор во САД: Застрелани две навивачки на бејзбол натпревар

На бејзбол натпреварот Чикаго вајт сокс во рамки на МЛБ-лигата, две навивачки се ранети од огнено оружје, една е погодена во ногата, а друга во стомакот.

Полицијата во Чикаго се уште не може да потврди дали стрелецот бил на стадионот или истрелите биле надвор од стадионот.

„Мислите на сите членови на Чикаго вајт сокс во овием моменти се со жртвите на кои им посакуваме брзо опоравување“, соопшти тимот на Чикаго вајт сокс.

На мечот меѓу Чикаго и Оукленд кој заврши со триумф на гостите од 1:12, беа присутни околу 22.000 навивачи. По бејзбол натпреварот, на стадионот требаше да се одржи концерт, но истиот беше откажан поради технички причини.

- Оглас -

Најнови вести