Откако Марко Верати го комплетира договорот со тимот на Ал-Ахли во Катар, сега се очекува да добие и соиграч од Пари Сен Жермен. Според француските медиуми, Џулијан Дракслер решил да си замине од Светците за да го облече дресот на тимот од Катар.
Германскиот играч за врска пред две-три недели постигна договор за трансфер во Ал-Ахли, но потоа трансферот беше „замрзнат“ поради семејни причини. Сега 29-годишниот Дракслер повторно се реши дека е време да си замине од ПСЖ, каде што беше дел од 2017 година, но во последната сезона го загуби местото на стартер.