Партизан треба да биде домаќин на Црвена ѕвезда во 171-вото вечно дерби на Србија кое е закажано за в среда, но постои опција дуелот воопшто да не се одигра. Според пишувањата во српските медиуми, Црвена ѕвезда не е задоволна од одлуката за главен судија на ова дерби да биде Срѓан Јовановиќ.
Од таборот на Црвено-белите неколку пати барале токму овој судија да не биде делегиран на нивните мечеви затоа што го сметаат за „докажан партизановец“. Од Црвена ѕвезда дури и потсетуваат дека токму Јовановиќ „кумувал“ за поразот во 161-вото дерби кога Партизан победи со 2:0, а Судиската комисија тогаш потврди дека Јовановиќ направил грешка кога поништил чист погодок за Црвено-белите при резултат 0:0.
По првите седум кола во српското првенство лидер е тимот на ТСЦ Бачка Топола со 19 бода, колку што има и Партизан, додека Црвена ѕвезда е на третото место со 15 бода.