Капитенот не играше куп меч против Риека затоа што е меѓу уапсените навивачи на Динамо во Грција

Несекојдневна вест доаѓа од Хрватска, а поврзана со дуелот на Либертас и Риека во 16-финалето на фудбалскиот Куп на Хрватска.

Прволигашот победи со преубедливи 9-0, а во редовите на петолигашот Либертас го немало нивниот капитен затоа што е во грчки затвор поради учество во неодамнешните нереди во Атина, кои кулминираа со смрт на еден навивач на АЕК.

Капитенот на клубот од Славонија се вика Леонард Јагатиќ и неговото име беше скандирано од домашната навивачка група која се вика „Џукели“. Јагатиќ има 23 години, а тој е еден од стотината навивачи на Динамо Загреб кои се во грчки затвори поради учество во големиот инцидент.

- Оглас -

Најнови вести