Обложувалницата Sport Life ги објави квотите за шампион на кошаркарската Евролига. Регуларната сезона во најсилното клупско натпреварување во Европа почнува на 5 октомври, а за првак може да прогнозирате до 30 декември.
Според квотите во Sport Life, главен фаворит за освојување на Евролигата е актуелниот првак Реал Мадрид, па Монако и Панатинаикос, а зад нив се Фенербахче, Олимпијакос и Барселона.
Белградските ривали Партизан и Црвена ѕвезда сезонава ќе играат во „Штарк арената“ и ќе бидат двата најгледани тимови во Евролигата, но иако ќе имаат огромна поддршка од трибините, не се меѓу најсериозните кандидати за трофејот.
Во минатата сезона, Партизан на незаборавен и болен начин испадна во четвртфиналето од Реал, а Ѕвезда не ни влезе во плејофот. Квотата за Црно-белите дека ќе ја освојат Евролигата е 15 во моментов, а за Црвено-белите е 20.
Најмалку шанси им се даваат на францускиот Асвел и Алба Берлин.