Бешикташ за осум минути прими три гола и остана без победа, па тренерот си поднесе оставка

Шенол Ѓунеш си поднесе оставка од тренерската позиција во Бешикташ само еден ден откако неговиот тим загуби на неверојатен начин од Лугано во Лигата на конференции.

Бешикташ до 81-vaта минута имаше водство од 2:0 пред своите гледачи, но во следните осум минути прими три гола и загуби со 2:3.

По две кола, Бешикташ има освоено само еден бод и се наоѓа на последното место во групата Д во Лигата на конференции.

„Нашиот тренер, кој имаше средба со претседателот, изјави дека е потребна „нова крв на клупата“, стои во соопштението на турскиот тим.

Ѓунеш на клупата на Бешикташ седна минатиот октомври, кога го замени Валериен Исмаел и ова беше негов втор мандат откако претходно од 2015 до 2019 година го предводеше тимот од Истанбул.

 

- Оглас -

Најнови вести