Дуелот меѓу АЕК Атина и Ајакс во во рамките од Лигата на Европа го одбележа еден политички инцидент на трибините. На делот каде што беа навивачите на АЕК, се појави транспарент на кој стоеше паролата „Косово е Албанија“.
Од АЕК порачаа дека ќе бидат пронајдени оние кои го истакнаа транспарентот и ќе им биде забранет влез на стадионот.
„АЕК изразува гадење и недвосмислено го осудува појавувањето на транспарентот, макар тоа беше само на неколку секунди. Тоа е транспарент со екстремно национална содржина кој беше истакнат на нашиот стадион. По повод овој инцидент, најавуваме дека веќе е започната акција за пронаоѓање на одговорните и ќе им биде забранет влез на нашиот стадион“, стои во дел од соопштението на АЕК.
Ανακοίνωση ΠΑΕ ΑΕΚhttps://t.co/mH9L8i1j3j
— AEK F.C. (@AEK_FC_OFFICIAL) October 6, 2023