Србите шокирани од нивните грчки браќа (Фото)

Навивачите на атинскиот АЕК синоќа на мечот со Ајакс од Лигата на Европа истакнаа транспарент на којшто пишуваше „Косово е Албанија“ и ги шокираа Србите, кои пишуваат за мегаскандал и дека добиле нож во грб од нивните „браќа“.

Имаше шпекулации дека транспарентот го истакнале навивачи на АЕК од албанско потекло, но потоа тоа е негирано и се тврди дека било дело на Грци. Има и шпекулации дека ова знаме е украдено од некои албански навивачи.

Само пред неколку месеци, на трибината со најжестоките фанови на АЕК имаше транспарент со навреда кон Албанија, па ова синоќа е пресврт за 360 степени.

- Оглас -

Најнови вести