Некогашниот европски првак Ајакс од Амстердам продолжува со очајните резултати. Холандскиот гигант приреди ново разочарување на свој терен, откако со 1:2 загуби од Аз Алкмар во дуел од осмото коло во домашното првенство.
Гостите поведоа со голот во финишот на првото полувреме, а во 57 минута АЗ Алкмар веќе имаше предност од 2:0. Во 73 минута домашниот тим постигна гол, но тоа беше премалку да се спаси од пораз.
По овој неуспех, Ајакс остана со само пет бодови од шест средби и сега падна на 16 место на табелата кое е опасност за испаѓање во втора лига. АЗ Алкмар со овие три бода се искачи на второто место на табелата со 22 бодови од осум натпревари.