Русија и дефинитивно нема да биде дел од Олимписките игри во Париз

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го суспендира Олимпискиот комитет на Русија, што значи дека нема да може да биде дел од претстојните Летни олимписки игри во Париз.

Оваа одлука на ИОК доаѓа откако Русите во својот олимписки комитет ги вклучија олимписките комитети на украинските Републики Доњецк и Луганск, како и на регионите Херсон и Запорожје, со што ја прекршиле олимписката повелба.

„Рускиот олимписки комитет повеќе нема право да ги извршува функциите на национален олимписки комитет како што е дефинирано со Олимписката повелба и не може да добива никакви срества од ИОК“, стои во соопштението.

Русија е суспендирана од сите натпреварувања во организација на ИОК, а руските спортисти мораше да настапуваат како неутрални натпреварувачи под олимпиското знаме.

- Оглас -

Најнови вести