Тренерот на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ, по мечот со Загреб на којшто битолчани го претрпеа петтиот пораз во петтиот настап во Лигата на шампионите во ракомет, рече дека се повторуваат грешките од претходните мечеви и тоа мора да се прекине ако сакаат да победат некого во ЛШ.
„Одигравме добри 45 минути, а потоа влеговме во една фаза во која немавме решение ниту во нападот ниту во одбраната. Тоа ни се случуваше и на претходните натпревари и затоа мора да работиме повеќе на тоа за да не ни се повторува и во иднина за да можеме да победиме екипи во ЛШ“, изјави Јовиќ.