Вчера во спортските сали ширум Македонија се одигра комплетното прво коло од одбојкарските првенства во машка и женска конкуренција. Кај мажите очекувани максимални победи забележаа шампионот Струмица, засилените Лирија и Штип, како и екипите на Шкендија и Јанта Волеј, додека најголеми возбудувања имаше на дуелот во Скопје, помеѓу Работнички и Пробиштип, кој го добија гостите во тај-брејк со 3-2.
Резултати – 1. коло:
Универзитет Тетово – Струмица 0-3
Лирија – Македонија Џио 3-0
Штип УГД – Борец 3-0
Вардар – Јанта Волеј 0-3
Работнички – Весна Пробиштип 2-3
Сушево – Шкендија 0-3
И во женска конкуренција беа постигнати очекувани резултати, а најголемото изненадување е изгубениот сет на шампионот Работнички на гостувањето во Штип, кај засилениот Младост УГД. На гостински терен победи забележаа и екипите на Наковски Волеј и Јанта Волеј, додека честа на домаќините ја спаси екипата на Струмица, која немаше проблеми против Фит Фан Волеј.
Резултати – 2. коло:
Вардар – Наковски Волеј 0-3
Вардар ЕМ – Јанта Волеј 0-3
Младост УГД – Работнички 1-3
Струмица – Фит Фан Волеј 3-0