Голманот на Славија од Софија, Ѓорѓи Петко,в во викендот што измина постави рекорд во бугарскиот фудбал. Ветеранот Петков, кој има 47 години, во мечот од 14-тото коло против Хебар Пазарџик влезе во игра во судиското надополнување на местото на 26-годишниот Николај Крастев.
Хебар доби пенал во 93-тата минута, а тренерот на Славија, Иван Колев, реши во игра да го внесе Петков за да го брани пеналот. Пеналот го изведе Ѓорѓи Валчев, а Петков успеа да го одбрани неговиот удар. Сепак, судијата процени дека Петков не бил на гол-линијата пред да биде изведен шутот, па пеналот беше повторен.
И во вториот обид Петков беше блиску да го одбрани шутот, но овојпат Валчев погоди за победа на Хебар. И покрај тоа што не го одбрани пеналот, Петков ќе го памти овој дуел, затоа што стана убедливо најстариот играч кој со 47 години бил на теренот на еден меч од бугарската елитна лига.
Петков е европски рекордер за најстар голман кој бранел на една официјалан средба. Во 2018 година, по девет години пауза од репрезетативниот дрес, ветеранот беше повикан во националниот тим за дуелите од Лигата на нации против Кипар и Словенија. Петков бранеше на 16 ноември 2018 година и три дена подоцна против Словенија, кога имаше 42 години и 251 ден. Претходниот рекорд за најстар голман на европска селекција на официјален меч беше Елиш Скот, кој бранеше за Северна Ирска со 42 години 200 дена.