Португалскиот дефанзивец Пепе вечерва влезе во историјата на фудбалската Лига на шампиони со тоа што стана највозрасниот играч во поле (не се сметаат голманите) кој настапил на меч во ЛШ.
Пепе има 40 години и 241 ден. Досега рекордот на најстар играч кој настапил на меч во ЛШ го држеше легендата на Милан, Алесандро Костакурта, со 40 години и 211 дена.