Потоп во Белград: Ѕвезда водеше на полувреме, а на крајот загуби со 22 разлика од Манекените

Разочарани и со негодување си заминаа навивачите на Црвена ѕвезда од „Штарк арената“, откако нивниот омилен тим загуби убедливо со 71:93 од Армани Милано во меч од 10 коло на кошаркарската Евролига. Поразот уште повеќе ги боли домаќините, затоа што на полувреме имаа водство (39:38), а на крајот беа посрамени пред своите навивачи.

https://twitter.com/i/status/1728149033204482115

Гостите од Милано распалија со шутеви за три поени и на крајот погодија 17 од 27 удари од далечина. Звезда истотака шутна 27 пати за три поени, но погоди само седум пати, односно 10 пати помалку од противникот.

Вечерва загуби и вториот српски тим во Евролигата, Партизан. Црно-белите немаа сили да се спротистават на Анадолу Ефес и загубија во Истанбил со 100:94. Во останатите мечеви: Олимпијакос – Жалгирис 89:72 и Басконија – Монако 75:77.

- Оглас -

Најнови вести