Фудбалерите на Партизан по 13-те победи по ред во српската Суперлига, денеска доживеаја вистински дебакл и тоа пред своите гледачи.
Црно-белите го доживеаја еден од најтешките порази на домашен терен, загубија со 0:4 од ТСЦ и тоа пред околу 5.000 навивачи кои се вратија на трибините на „Хумска“.
Самиот старт на мечот најави дека работите нема да одат во полза на Партизан. ТСЦ поведе уште во третата минута и тоа со гол од корнер. Само девет минути подоцна, повторно корнер за ТСЦ, овој пат Стојиќ се уфрли на првата статива и ја испрати топката во мрежата. Во 33-та минута веќе беше 0:3 откако Радин ја затресе мрежата на Јовановиќ.
Конечниот резултат го постави Миловановиќ во 50-та минута. Поразот на Црно-белите го искористи најголемиот ривал, Црвена звезда која со победата од 2:1 над Војводина во Нови Сад, дојде на само три бода од лидерот.