Според сајтот theanalyst.com, суперкомпјутер ги пресметал шансите на сите тимови коишто играат вечерва во Лигата на шампионите, па ако верувате во неговите пресметки врз база на многу податоци, може да ви помогне во точното предвидување на резултатите.
Црвена ѕвезда му гостува на Јанг бојс, а Србите и Швајцарците ќе водат битка за третото место кое води во Лигата на Европа. Според суперкомпјутерот, Јанг бојс е фаворит, му се даваат 52,5 отсто шанси за победа, додека за победа на Ѕвезда шансите се само 25 проценти.
На другиот меч од таа група, Манчестер сити го пречекува Лајпциг и шансите за победа на англискиот и европски првак се 70 проценти.
Големи фаворити се и Лацио против Селтик (62 отсто се шансите за кец), Барселона против Порто (64%). Над 50 отсто шанси за победа му се даваат и на ПСЖ против Њукасл, а најтесно треба да биде на Феенорд – Атлетико.
Фаворити се Шахтар над Антверпен и Милан против Борусија Дортмунд, но шансите за победа им се малку под 50 отсто.