Солскјер: ПСЖ е многу јак, но Манчестер има сили да победи

Манчестер јунајтед под водство на Оле Гунар Солскјер ќе го има најголемиот предизвик досега. „Црвените ѓаволи“ утревечер на „Олд Трафорд“ ќе го пречекаат Пари Сен Жермен, во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони.

Францускиот првак ја има фаворитската улога во овој двомеч, но Солскјер не се предава, иако има само пофални зборови за противникот и за нивниот тренер Томас Тухел.

„ПСЖ е еден од најсилните тимови против кои можевме да играме во оваа фаза од ЛШ. Сепак, ние сме подготвени за дуелот. Тие се меѓу најсилните екипи во Европа, на секоја позиција имаат квалитетен играч. И тренерот Томас Тухел е голем тактичар. Тој може во текот на мечот да ја промени тактиката и невозможно е да се подготвуваме за нешто конкретно. Треба да го играме нашиот фудбал. Ако го направиме тоа, тогаш може да се спротиставиме на ПСЖ“, вели Солскјер.

Откако во декември Солскјер седна на клупата на Манчестер јунајтед, најтрофејниот англиски клуб заигра многу подобро од претходно. Солскјер досега го предводеше тимот на 11 меча и има 10 победи и само едно реми.

 

- Оглас -

Најнови вести