Македонија Ѓорче Петров и Вардар попладнево ќе го отворат 17-тото коло во македонската Прва лига. Овие два тима сезонава веќе одиграа два меча и двете екипи се радуваа по еднаш. Вардар славеше во превнство со 2:1, а потоа Македонија ЃП беше подобра со 1:0 во осминафиналето на Купот.
Вардар е убедливо последен на табелата со само 11 бодови, додека ривалот од Ѓорче Петров е со 18 бодови и е само два бода над опасната зона.
Нападот е најочајниот дел во играта на Вардар, кој во 15 дуели постигна само 10 гола. Кога се работи за средбите на гостински терен, Црвено-црните погодија само три пати во седум средби. Македонија ЃП дома игра со многу малку голови, па во осум дуели досега, има гол разлика од 7 дадени и само пет примени гола.
Денеска се играат и осум меча од Втора лига, а ќе играат: Башкими – Беса, Беласица – Скопје, Детонит – Кожуф, Каменица Саса – Караорман, Новаци – Вардар Неготино, Охрид – Тетекс, Осогово – Арсеми и Победа – Пелистер.