Арнау Тенас често ќе го гледаме на голот на Пари Сен Жермен во следниот период, а според она што го прикажа денеска овој Шпанец, Светците не треба да се грижат што нема да го имаат Џанлуиџи Донарума кој доби црвен картон и му следи суспензија од неколку меч.
На мечот со Ле Авр кој ПСЖ го доби со 2-0, Донарума доби црвен картон уште во 10-тата минута, па на голот на парижаните застана 22-годишниот Тенас.
Тенас кој во ПСЖ дојде од Б тимот на Барселона, а лани бранеше и за Шпанија на Европското првенство за играчи до 21 година, имаше одлично издание. Не прими гол, а имаше седум одбранети шутеви и 55 допири со топката со над 60 проценти успешност во додавањата.