Фудбалскиот клуб Аркадаг, кој беше формиран само пред малку повеќе од половина година, поточно во април и направи инстант успех, ја освои шампионската титула во Туркменистан со максимални 60 бода од 20 досега одиграни мечеви во прволигашката конкуренција.
До крајот на сезоната има уште четири кола, но Аркадаг има недостижна предност (16 бода) пред вториот и јасно е дека ќе ја освои титулата.
Клубот е основан во чест на поранешниот претседател на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, а доведени се најдобрите домашни играчи и на супериорен начин дојдоа до титулата. Инаку, во градот Аркадаг, има и 43-метарски златен споменик на Бердимухамедов кој беше претседател од 2006 до 2022 година.