Катарците полека креваат раце од ПСЖ, договорија продажба на дел од акциите

Инвестицискиот фонд „Катар спортс инвестментс“ одлучи да продаде 12,5 отсто од акциите на инвестицискиот фонд од САД, „Арктос партнерс“. Засега не е познато по која цена се продадени акциите, но со овој потег вредноста на клубот скокна на 4,25 милијарди евра.

https://twitter.com/SkySportsNews/status/1732755674440892689

„Катар спортс инвестментс“ кој е под директна надлежност на катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани, го купи ПСЖ во 2011 година и иако потроши огромна сума на носење на ѕвезди како Килијан Мбапе, Нејмар, Лионел Меси, не успеа во намерата да ја освои Лигата на шампионите. Сега одлучи да продаде дел од акциите, но и понатаму ќе го има главниот збор во управувањето на клубот.

„Арктис Партнерс“ е американски инвестициски фонд кој има акции во повеќе од 30 спортски клубови, највеќе во НБА, НФЛ и МЛБ-лигата, а најпознати меѓу нив се Голден Стејт вориорс, Сакраменто кингс, Тампа Беј лајтнинг, Питсбург пингвинс, Њу Џерси девилс како и во премиерлигашот Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести